Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

КОНКУРС за избор на најдобар есеј на тема: „Влијанието на вештачката интелигенција и современите технологии врз образовните трендови“

април 20

По повод Денот на Европа

Центарот за податоци и информации на Европската Унија (ЕУи) и Факултетското студентско собрание на Економски факултет – Скопје објавуваат

 

К О Н К У Р С
за избор на најдобар есеј на тема:
„Влијанието на вештачката интелигенција и современите технологии врз образовните трендови“

 

Право на учество на Конкурсот имаат студентите на прв и втор циклус на студии на Економски факултет – Скопје со тоа што еден студент има право да напише едно индивидуално дело есеј без право на ко-авторство.

 

Содржина на есејот:

Есејот треба да ги содржи следните елементи:

  • Насловна страница
  • Вовед
  • Главен дел
  • Заклучок
  • Прилози (доколку има)
  • Литература

Есејот треба да биде оригинално дело на авторот и да применува стил на референцирање според Харвард (во самиот текст) и АРА стил на користена литература.

 

Форма на есејот:

  • Должина: од 4 до 5 страници (до најмногу 3.000 зборови) без насловната страна и прилозите
  • Маргини: 2,54 cm горе, долу, лево и десно
  • Фонт и големина на текст: Times New Roman, наслови 14 pt и болдирани, а текстот 12 pt
  • Проред: единечен (singe line spacing)
  • Порамнување: порамнето од двете страни (justified)

 

Рок и начин на доставување:

Есејот треба да се достави во електронска верзија (Word или PDF) од 10.4.2024 година до 20.4.2024 година на следната адреса за електронска пошта bojan.kitanovikj@eccf.ukim.edu.mk по што ќе добиете повратна информација дека есејот е примен за оценување.

За дополнителни информации обратете се до Раководителот на ЕУи центарот, проф. д-р Виолета Цветкоска на адресата за електронска пошта vcvetkoska@eccf.ukim.edu.mk.

 

Начин на оценување и награди:

Есеите анонимно и кодирани ќе бидат евалуирани од страна на стручна тричлена комисија составена од професори на Економски факултет – Скопје.

Наградата за есејот кој ќе го освои првото место ќе се состои во доделување ваучер за бесплатно учество на летна школа организирана од Економски факултет – Скопје. Наградите за второ односно трето место ќе бидат објавени дополнително.

Details

Date:
април 20

Venue

Економски факултет – Скопје
бул. Гоце Делчев бр.9В
Скопје, Центар 1000 North Macedonia
+ Google Map