Почитувани колеги,
Со големо задоволство најавуваме дека оваа година Катедрата Маркетинг организира работилница за студентите, која ќе се реализира на 20 март 2024 година (среда) со почеток во 9:00 часот.
Преку тимска работа, студентите ќе имаат можност да работат на конкретна задача и да изготват идејни решенија за реална компанија: Пивара Скопје АД (лидер на пазарот за производство на безалкохолни пијалаци и пиво кој бележи постојан раст и одржлив развој).
Работилницата ќе се одржи во читалната на Економски факултет-Скопје.
Сите заинтересирани студенти од департманот маркетинг потребно е да го пријават учеството (вклучително и групата која треба да брои 4 студенти) најдоцна до петок 15.03.2024 на емаил irena.bogoevska.gavrilova@eccf.ukim.edu.mk
Збогатете го своето знаење, учете од најдобрите!
Ве очекуваме.
Со почит,
Економски факултет – Скопје, УКИМ

