Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Одбележувањето на доделувањето на Нобеловата награда за економија за 2024 година, настан кој традиционално, се одржува на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Следејќи ја повеќегодишната традиција, Катедрата за Економија и оваа година го организира настанот посветен на доделувањето на Нобеловата награда од областа на економските науки за 2024 година на тројцата економисти: Дарон Аџемоглу и Сајмон Џонсон од Институтот за технологија на Масачусетс и Џејмс А. Робинсон од Универзитетот во Чикаго, во Соединетите Американски Држави.
Агендата на настанот е следната 🠋
Официјално отворање на настанот:
Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје
Проф. д-р Даниела Бојаџиева, Раководител на Катедрата за Економија
За значењето на нобеловата награда за економија и за придонесот на овогодинешните лауреати ќе говорат:
Академик Таки Фити – Значењето на Нобеловата награда за економија и општиот придонес на нобеловците Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс А. Робинсон
Проф. д-р Владимир Филиповски – Значењето на институциите за економскиот раст и развој
Проф. д-р Љубомир Кекеновски – Технолошките основи на моќта и напредокот -поттикнувања и регулација
Асист. м-р Ѓунтер Мерџан – Улогата на институциите во економскиот раст во посттранзициските економии од Европа и Северна Македонија (емпириски анализи)
Настанот ќе се одржи на 4 декември 2024 година со почеток во 11 часот, во Амфитеатар 2.
Со почит,
Економски факултет – Скопје