Со големо задоволство Ве покануваме да ни се придружите на прославата на 25-годишнината на постдипломските студии – Европски економски студии! По тој повод, организираме дебата на тема: „ЕУ стандарди за зелена транзиција на земјите од Западен Балкан“ на 27.11.2024 година (среда) на Економски факултет-Скопје во амфитеатар 2 од 12 часот.
Во согласност со Европскиот Зелен договор, амбициозната цел на Европската Унија е да постигне климатска неутралност до 2050 година. Оваа амбициозна стратегија опфаќа различни иницијативи за намалување на емисиите на стакленички гасови, заштита на биодиверзитетот и транзиција кон циркуларна економија. Дебатата има за цел да ги отвори прашањата и предизвиците поврзани со усвојувањето на зелените стандарди во земјите од Западен Балкан, со цел се ублажат последиците од климатските промени и да се поттикне одржлив развој.
Придружете ни се и бидете дел од дебатата за создавање подобра и поодржлива иднина за сите нас!
Со почит,
Економски факултет – Скопје
Економски факултет – Скопје