Почитувани,
На 12 декември 2024 година (четврток) со почеток во 18:00 часот, во Аулата на Економски факултет-Скопје ќе се одржи првата Алумни средба на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Средбата ќе започне со воведно обраќање на Деканот на факултетот проф. д-р Предраг Трпески и претседателот на Алумни, Александар Манев, по што ќе следи коктел-забава. Оваа средба е одлична можност за поврзување на сите генерации студенти, заедно да ги споделиме нашите успеси и искуства и да создадеме платформа за долгорочна соработка и развој.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на настанот на следниот линк: https://forms.gle/XHCjs5ToGsGeSag29
Исто така, доколку не сте се зачлениле, пополнете го формуларот на следниот линк: https://bit.ly/4c517qu и станете дел од Алумни мрежата.
Ве очекуваме!
Со почит,
Проф. д-р Предраг Трпески
Декан на Економски факултет – Скопје
Александар Манев
Претседател на Алумни на Економски факултет – Скопје