Социјално претприемништво е процес на создавање бизниси кои имаат позитивно влијание врз заедниците и општеството. Социјалните претприемачи создаваат одржливи деловни модели кои ги балансираат финансиските цели со општествени и еколошки придобивки.
Свесно за потребата од нивното постоење, во светот се повеќе се ценат социјалните претпријатија, оние кои имаат за цел освен финансиски, да постигнат социјални резултати и да направат позитивни општествени и еколошки влијанија, како нивна примарна активност.
Повик за учество на работилница за развој на банкарски производ за социјални претпријатија
Доколку имаш идеја за тоа како да се зголеми бројот на социјални претпријатија во земјата, и доколку сакаш да си дел од процесот на креирање на првата банкарска понуда за нивна финансиска поддршка, пријави се на дводневната работилница организирана од Јунус центарот за социјални бизниси и Халкбанк.
Работилницата ќе се одржи на 25-26 ноември 2024 во просториите на Халкбанк Дирекција бр. 2 (линк до локацијата).
Што ќе добиете од работилницата?
- Нови знаења и вештини од областа на социјални претпријатија, нивните потреби и улогата на финансиската поддршка во нивното основање и развој
- Искуствено учење преку решавање на реален проблем и креирање на првиот банкарски производ за финансиска поддршка за социјални претпријатија
- Признание за учесници со највисоко рангирани идеи за банкарски производ за финансиска поддршка за социјални претпријатија
- Сертификат за учество
- Можности за вмрежување и размена на искуства со колеги учесници и искусни гости говорници
- Запознавање и соработка со мрежа на млади ентузијасти за социјално претприемништво и претприемачи
Што вклучува работилницата?
- Напредна дводневна програма која се фокусира на социјалното претприемништво, процесот на развој на банкарски производ, анализа на пазарот за финансиска поддршка, креирање карактеристики на банкарскиот производ, дефинирање целни пазарни групи, изработка на извештај за изводливост на проектот и креирање на план за креативна и ефективна кампања за промоција на пакетот за финасирање.
- Практично искуство преку вежби
- Предавања од експерти и претставници од финансискиот сектор и од екосистемот на социјални претпријатија
Кој може да учествува?
Млади од 17 до 27 години кои сакаат да се вклучат во социјално претприемништво и да учат како да го финансираат.
Работилницата е бесплатна, а местата се ограничени.
Како да се пријавите?
Пријави се веднаш и обезбеди место со пополнување на формуларот за учество на работилницата на овој линк. Крајниот рок за пријавување е 20 ноември 2024 година.
За дополнителни информации контактирајте нè на мејл адресата bojan.kitanovikj@eccf.ukim.edu.mk или на телефонскиот број 070874722.
Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.