Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Работилница „The power of neuromarketing“

март 7, 2023 @ 11:00


Почитувани 
колеги, 

Со големо задоволство најавуваме дека оваа година Катедрата Маркетинг организира работилница, со физичко присуство, која ќе се реализира на 7 март 2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, на тема: The power of neuromarketing. 

На настанот, ќе се објасни како со примена на невромаркетингот односно со употреба на напредна биометриска технологија во маркетинг-истражувањето може да се разбере на кој начин потрошувачите ги перцепираат и реагираат на маркетинг-стимулите. Преку примери од македонската практика во невромаркетингот ќе се презентираат добиените резултати и заклучоци во функција на дефинирање ефективни маркетинг-стратегии кои ќе го подобрат целокупното искуство на потрошувачите и ќе резултираат во остварување на целите на брендот. 

Работилницата ќе се одржи во Амфитеатар 2. 

Сите заинтересирани се добредојдени да го проследат настанот! 

Ве очекуваме. 

Со почит, 

Економски факултет  Скопје, УКИМ