Почитувани студенти,
со задоволство ве информираме дека Економскиот факултет – Скопје објавува повик за пријавување за учество на 13-та меѓународна летна школа што ќе се одржи под мотото „Станете сајбер лидер: паметен, безбеден и квалификуван“. Интердисциплинарната летна школа за сајбер безбедност ќе се одржи во периодот од 25-30 јуни 2023 г. во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Истата вклучува работилници, експертски презентации и најнови техники кои ќе ви овозможат да напредувате во дигиталниот свет.
Сите заинтересирани студенти потребно е да се пријават на следниот ЛИНК.
Со почит,
Економски факултет – Скопје