Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на работилницата, организирана од страна на Катедрата по Економија, на тема „Улогата на жената во економската трансформација на општеството“.
Агендата на настанот е следна:
Поздравен говор и отворање на настанот – Проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економскиот факултет – Скопје
Обраќање на Раководителот на Катедрата за Економија – Проф. д-р Даниела Бојаџиева
Проф. д-р Билјана Ташевска – „Улогата на жената на пазарот на труд низ призмата на времето“
Говорници на работилницата:
Проф. д-р Биљана Ангелова – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
д-р Анита Ангеловска Бежоска – Гувернер на Народна банка на РСМ
д-р Владанка Трајковска – Претседател на Организација на работодавачи на Македонија
Настанот ќе се одржи на 27 март 2024 година со почеток во 11 часот, во Амфитеатар 2.
Со почит,
Економски факултет – Скопје

