fbpx
Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

EIT Digital Venture Program

февруари 19, 2020 @ 10:00 - 11:00

На наше големо задоволство Ве информираме дека Економски Факултет – Скопје во соработка со EIT Digital (Повеќе информации за EIT Digital можете да најдете на нивната официјална веб-страна) во среда (19.02.2020) во 10:00 часот, во Амф.2 на Економскиот факултет – Скопје, ќе организира кратко предавање за напредни технологии за човечки ресурси (HR technologies) и основање на старт-ап компании за идните студенти кои планираат да си отворат свој бизнис.

Гостин предавач е претставникот на EIT Digital за земјите од Централно-Источна Европа, Јасмина Поповска која е одговорна и за програмата за стартапи на EIT Digital за Западен Балкан и Централна Европа. Предавањето ќе трае 20 минути со дополнителна можност за поставување Ваши прашања.

Ова е одлична можност за сите студенти и професори, асистенти и демонстратори да се запознаат со напредните програми на EIT Digital и дополнително да се мотивираат да ги применат во својата работа со цел поголем раст и развој на интернационално ниво.

Програмот на EIT Digital вклучува 2 месечна онлајн менторска програма за развој на идеите во минимум одржлив производ (MIP) во кој период се прави анализа на потребите на пазарот од решението и се развиваат основните функционалности. Исто така, во рамките на програмот е и обука за како да ја развиете Вашата старт-ап компанија и како да настапите на интернационалниот пазар.

Бараме ентузијастични тимови со развиено чувство за бизнис кои имаат голема желба и се мотивирани да ги тестираат и развијат своите бизнис идеи и да основаат своја компанија. EIT Digital ќе Ви овозможи сè што Ви треба за да го започнете својот бизнис користејќи дигитални технологии, и тоа:
Финансиска поддршка до 15.000 евра;
Можност да го креирате и развиете Вашето иновативно дигитално решение во Minimum Viable Product (MVP);
Можност темелно и практично да ги искористите придобивките од новите технологии;
Можност да добиете совети и помош за развивање на Вашиот бизнис план од најдобрите интернационални експерти;
Можност да станете дел од водечкиот екосистем на иновации од Европа.

Присуството на предавањето не се наплаќа.

За ЕIT Digital:
ЕIT Digital е водечка Европска организација за трансформација и претприемничко образование која го поттикнува дигиталниот развој во Европа. Работата на EIT Digital се заснова на создавање на иднината на иновациите преку европски екосистем составен од повеќе од 200 успешни Европски корпорации, мали и средни претпријатија, стартапи, универзитети и институти за истражување и развој, каде студентите, истражувачите, инженерите, и развивачите на бизнис и претприемништво соработуваат заедно. EIT Digital има претставништва на повеќе локации и тоа: Амстердам, Берлин, Брага, Будимпешта, Брисел, Ајндховен, Единбург, Хелсинки, Лондон, Мадрид, Милано, Минхен, Ница, Париз, Рен, Стокхолм, Тренто, и Сан Франциско.
Преку програмата АRISE Europe, EIT Digital е активна во земјите на Јужна, Југоисточна, Централна,  Источна Европа и Балтичките земји и ги спроведува активностите и во земји каде што организацијата нема канцеларии. EIT Digital инвестира во области, дигитални технологии,  дигитални градови, дигитална индустрија, дигитални финансии и дигитално здравство. EIT Digital образува претприемнички кадар кој е целосно фокусиран на иновациите во дигиталниот свет преку академските програми за пост-дипломски студии, училиште за докторски студии од областа на индустријата, како и програмите за професионална надоградба.
Повеќе информации за EIT Digital можете да најдете на нивната официјална веб-страна.

Dear colleagues,
It is our pleasure to announce that the Faculty of Economics – Skopje in collaboration with EIT Digital is organizing a short lecture on advanced HR technologies and startup plans for opening new business ventures for all the students who plan on opening their companies. The visiting lecturer is the EIT Digital representative for the Central and Eastern European (CEE) countries, Jasmina Popovska who is also responsible for the EIT Digital startup programs for Western Balkans and Central Europe. The lecture will be held at the Faculty of Economics – Skopje on Wednesday (19.02.2020) at 10 o’clock-Amf.2. After the lecture, which will last for approximately 20 minutes, you will have an additional chance to ask your own questions.
This is an amazing opportunity for all students and professors to learn more about the newly implemented programs at EIT Digital and to motivate themselves to implement them in their work for the purpose of growing and upgrading their work on an international level.
EIT Digital Venture Program helps entrepreneurs with deep tech business concepts to:

  • Develop and finalise their Minimum Viable Product (MVP) and
  • Establish their startup company

We are looking for enthusiastic, entrepreneurial teams with strong value propositions and an existing prototype or Proof of Concept  (PoC). You should be eager to finalise an MVP during an intensive six-week Pre-Acceleration Phase and be operating in one of the following focus areas: Digital Industry, Digital Wellbeing, Digital Cities, Digital Finace or Digital Tech.
The EIT Digital Venture Program offers everything you need to start up your deep tech business:

  • Get financial support of up to € 15,000
  • Develop your Minimum Viable Product
  • Establish your deep tech venture
  • Get business development help from top international experts
  • Join Europe’s leading innovation ecoystem

 We are looking forward to seeing you there!
About EIT Digital
EIT Digital is a leading European digital innovation and entrepreneurial education organisation driving Europe’s digital transformation. Its way of working embodies the future of innovation through a pan-European ecosystem of over 200 top European corporations, SMEs, startups, universities and research institutes, where students, researchers, engineers, business developers and entrepreneurs collaborate in an open innovation setting. EIT Digital is supported by European Institute on Innovation and Technology (EIT), a body of European Union.This pan-European ecosystem is located in Amsterdam, Berlin, Braga, Budapest, Brussels, Eindhoven, Edinburgh, Helsinki, London, Madrid, Milano, Munich, Nice, Paris, Rennes, Stockholm, Trento, and San Francisco.
Through ARISE Europe, EIT Digital is active in countries located in Southern and South-Eastern Europe, CEE and the Baltics to pursue its activities in regions as well where the organisation doesn’t have a brick-and-mortar office.
EIT Digital invests in strategic areas to accelerate the market uptake and scaling of research-based digital technologies (deep tech) focusing on Europe’s strategic, societal challenges: Digital Tech, Digital Cities, Digital Industry, Digital Wellbeing, and Digital Finance.
More information about the EIT Digital Venture Program at the official website HERE.

Details

Date:
февруари 19, 2020
Time:
10:00 - 11:00

Venue

Амфитеатар 2
Comments are closed.