Loading Events

Економскиот факултет-Скопје се приклучува на глобалното одбележување на Erasmus Days 

 
Датум: 15 октомври 2026 година 
 
Време: 12:00 – 14:00 часот Место: Предавална 8, Економски факултет – Скопје 
 
Со настанот „ERASMUS+ како искуство плус“, Економскиот факултет – Скопје се придружува кон глобалното одбележување на Erasmus Days, иницијатива посветена на промоцијата на програмата Erasmus+ и можностите што таа им ги нуди на студентите за меѓународна мобилност, учење и личен и професионален развој. 
 
 Во рамки на настанот, студенти кои учествувале во Erasmus+ мобилност ќе ги споделат своите искуства, доживувања и впечатоци од престојот во странство. Преку нивните лични приказни, останатите студенти ќе имаат можност одблиску да се запознаат со придобивките од меѓународната размена, како и со можностите за стекнување нови знаења, вештини, пријателства и интеркултурни искуства. 
 
Настанот има за цел да ја поттикне студентската заинтересираност за учество во програмата Erasmus+ и да ги охрабри студентите да ги искористат можностите за академско усовршување и личен развој преку меѓународна мобилност.
 
 Со своето учество во Erasmus Days, Економскиот факултет – Скопје ја потврдува својата посветеност на промоцијата на меѓународната соработка, европските образовни вредности и создавањето нови можности за студентите. 
 
Повеќе информации за настанот: “ERASMUS+ како искуство плус – Erasmus Days” https://www.erasmusdays.eu/event/erasmus-as-experience/