Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на третиот од серијата отворени настани организирани од страна на Катедрата по математика и статистика под името Quant Talks, кој ќе се одржи на 07.04.2026 (вторник) од 12:15-12:45ч во Сала за состаноци.
Гостин-предавач ќе биде д-р Виктор Стојкоски, доцент на Економски факултет – Скопје. Своето образование го завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Северна Македонија, со двојна докторска диплома по компјутерски науки (2020) и економија (2023), и во 2022 година бил постдокторски истражувач во Центарот за колективно учење при Универзитетот во Тулуз, Франција. Тој активно работи на истражувања поврзани со економската комплексност и економската нееднаквост.Покрај научната работа, активно учествува и во проекти за економски политики, советувајќи национални министерства и меѓународни агенции за одржлив и инклузивен развој. Истражувачката извонредност на Виктор е призната и на национално ниво, со што во 2022 година ја добил државната награда за најдобар млад научник во општествени науки, а во 2023 година и универзитетската награда „Св. Кирил и Методиј“ за најдобар научник во општествени науки.
Со почит,
Катедра по математика и статистика
