Loading Events
Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на шестиот од серијата отворени настани организирани од страна на Катедрата по математика и статистика под името Quant Talks, кој ќе се одржи на 05.05.2026 (вторник) од 12:15-12:45ч во Сала за состаноци.

Гостин-предавач ќе биде доц. д-р Филип Пеовски. Своето високо образование го завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата научно-истражувачка работа е насочена кон предиктивната бизнис аналитика, макроекономијата, финансиските пазари и осигурувањето, публикувајќи во списанија со импакт-фактор, а активно учествувал и на низа меѓународни и национални научно-истражувачки проекти и научни конференции. Во 2022 година ја добил наградата за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, доделена од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Презентацијата ќе биде на тема „Компаративна анализа на модели на предвидување во неживотното осигурување: SARIMA и ETS пристапи“.

Со почит,
Катедра по математика и статистика
Економски факултет – Скопје