Loading Events
Почитувани,

Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на вториот од серијата отворени настани организирани од страна на Катедрата по математика и статистика под името Quant Talks, кој ќе се одржи на 03.03.2026 (вторник) од 12:15-12:45ч, каде домашни и странски гости ќе презентираат научно-истражувачки трудови.
Презентацијата која е планирана да трае 30 минути ќе се одржи во Сала за состаноци.
 
Гостин-предавач ќе биде проф. д-р Александар Стојков, редовен професор по Економика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој ќе одржи презентација на тема „Странските директни инвестиции и членството во Европската Унија“.
Неговата академска и професионална работа е насочена кон макроекономијата, корпоративните, јавните и локалните финансии, при што зад себе има богато искуство во високото образование, научноистражувачката работа и јавниот сектор. Докторирал на Универзитетот Стафордшир во Велика Британија, а остварил и постдокторски истражувачки престој во Монтреал, Канада. Во текот на својата кариера бил ангажиран како консултант на повеќе домашни и меѓународни институции, меѓу кои Министерството за финансии, Министерството за економија, Светската банка, ОБСЕ, Европската комисија, УНДП и УСАИД, а извршувал и значајни функции во повеќе јавни и регулаторни тела. Автор е и коавтор на бројни научни трудови, книги и студии, а во 2024 година ја доби наградата за најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во областа на општествените науки.