Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Сметководствената и ревизорската професија против корупцијата и измамите

декември 22, 2022 @ 09:30 - 16:30

Почитувани студенти/колеги,

Со задоволство најавуваме и ве покануваме на еднодневен семинар на тема Сметководствената и ревизорската професија против корупцијата и измамите, во организација на Катедрата за сметководство и ревизија на Економски факултет Скопје, при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје во соработка со Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ), кој ќе се реализира на 22 декември, 2022 година (четврток) од 09.30 до 16.30 часот.

Настанот за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година, ќе се одржи како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6 и он-лајн присуство (преку стриминг).

На настанот говорници ќе бидат:

  • Измамите низ објективот на МСР 240 Одговорности на ревизорот во однос на измамите во ревизијата на финансиските извештаи Психологија на измами: Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска
  • Последни сознанија за измамите од вработени/професионалци во пандемискиот период – заклучоци на ACFE од 2022 година:
  • Пленарна сесија: Улогата на институциите во борбата против корупцијата
    • М-р Максим Ацевски, Главен државен ревизор,
    • Сања Лукаревска, Директор на Управа за јавни приходи,
    • Билјана Ивановска, Претседател на Државна комисија за спречување на корупцијата
    • Проф. д-р Марина Трпеска, модератор
  • Измами во финансиско известување и улогата на форензичко сметководство во нивно спречување и откривање – проф. д-р Зоран Миновски

Деталната агенда!

Сите заинтересирани се добредојдени да го проследат настанот!

Ве очекуваме. Со почит, Економски факултет – Скопје, УКИМ

Details

Date:
декември 22, 2022
Time:
09:30 - 16:30