На 15.10.2021 година, петок, од 13.00 – 14.30 часот Економскиот факултет-Скопје при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје ќе одржи онлајн настан со наслов
На овој настан неколку студенти кои биле на Еразмус+ студентска мобилност и/или пракса (во последните 5 години) ќе ги споделат своите искуства како студенти на размена и студенти-практиканти и ќе посочат како ова искуство претставува додадена вредност за нив како млади луѓе кои доаѓаат од земја од Западен Балкан.
Студентите ќе ги споделат и своите лични препораки за тоа:
- ЗОШТО да се аплицира за Еразмус+ студентска мобилност/практиканство?
- КАКО да се подготви успешна апликација во соработка со Факултетот/Универзитетот?
- ДАЛИ „ЕРАЗМУС+ е навистина ИСКУСТВО + “ ?
Со овој настан Економскиот факултет-Скопје, УКИМ се приклучува кон одбележување на #ЕразмусДенови (#ErasmusDays) каде како институција вклучена во Еразмус+ програмата – најголемата програма на Европската унија за образование, обука, млади и спорт, ќе имаме можност да бидеме дел од интерактивната мапа со настани во рамки на Еразмус+ деновите (кои ќе се одржат на 14-ти, 15-ти и 16-ти октомври 2021 година), заедно со другите европски институции- настани внесени на меѓународната карта на официјалната веб -страница https://erasmusdays.eu
ЛИНК за да го проследите настанот
ЛИНК до објавата на настанот на Фејсбук
Сите заинтересирани сте топло добредојдени да го проследите овој настан.
Ве очекуваме!
Со почит,
Ваш Економски факултет-Скопје, УКИМ