Во рамки на одбележувањето на Денот на европската статистика, Народната банка организира посебни тематски презентации за промоција на вредноста на статистиката, насочени кон младите економисти, како едни од клучните корисници на статистичките податоци кои што ги објавува НБРСМ.
Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје го поддржува овој настан и дава свој придонес со свое директно учество т.е. со презентацијата на тема „Статистички податоци: Моќно оружје коешто му е потребно на секој студент“ која ќе ја одржи Султанија Бојчева-Терзијан, директор на Дирекцијата за статистика.
Настанот е отворен за сите професори и студенти.