Почитувани,
Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет – Скопје ве поканува на онлајн работилница за развој на социјални бизнис идеи која ќе се одржи на 29 март (вторник) од 16:00 часот.
Пријавете се на следниот линк: https://bit.ly/36I0Tcs
Во последно време интересот за социјални претпријатија бележи значаен раст,
но поимот не секогаш е доволно јасен. Исто така, од големо значење за социјалните бизниси се младите луѓе кои се катализатори на иднината и имаат можност сами да го создадат светот во кој сакаат да живеат.

Затоа, учествувајте на оваа обука преку која ќе може да го проширите вашето знаење
за социјалните бизниси и да научите како да креирате и развиете сопствени социјални бизнис идеи!

Што може да очекувате?




Ве очекуваме!
Со почит,
Економски факултет-Скопје