Почитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Свечената промоција на дипломираните студенти на прв циклус и магистрирани студенти на втор циклус студии која ќе се одржи на 26.05.2022 година со почеток во 11.00 часот – настан кој традиционално се одржува во аулата на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Агендата на настанот е следната:
Обраќање на проф. д-р Предраг Трпески, Декан на Економски факултет – Скопје
Обраќање на проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
Обраќање на д-р Билал Суџубаши, Генерален извршен директор на ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
Промоција на дипломирани на прв циклус
Промоција на магистрирани на втор циклус
Свечено затворање на промоцијата со завршна реч на Деканот
(*фрлање капи)
Во очекување со своето ценето присуство да го збогатите овој настан.
Со почит, ДЕКАН
Скопје, мај 2022 година Проф. д-р Предраг Трпески