fbpx

 

Наслов на наставниот

предмет

Дизајнирање на бизнис процеси

Код

EBU 510

Студиска програма

Е-бизнис менаџмент

Организатор на студиската

Економски факултет – Скопје

Наставник

Проф. д-р Калина Треневска Благоева

 

Доц. д-р Марина Мијоска

Цели на предметната програма (компетенции): 35 По завршувањето на наставата и положувањето на овој предмет, студентите треба да бидат способни:

·       Да ја разберат архитектурата на бизнис процесите;

·       Да ги дефинираат основните концепти и техники на дијаграми кои се користат за моделирање на организациите, процесите и активностите;

·       Да ги разберат методологиите за подобрување и редизајнирање на бизнис процесите;

·       Да бидат запознаени со автоматизацијата на бизнис процесите и апликациите и техниките кои ги подржуваат.

Содржина на предметната програма:

  • Објаснување на потребата за процесен пристап наспроти функционален пристап при организирањето на бизнис активностите на организациите;
  • Дефинирање на бизнис стратегија, вредносна верига, стартешките теми на Портер и концептот на Treacy и Wiersema, објаснување на критериуми за приоритизација на бизнис процесни промени;
  • Процесна архитектура и процесен менаџмент на организациите – ниво на претпријатие;
  • Опишување на процеси преку дијаграми и типови на дијаграми- БПМН;
  • Менаџирање и мерење на бизнис процеси;
  • Разработка на BPTrends методологијата за редизајнирање на бизнис процесите.

 

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.