Втор циклус: Конкурс за упис на студенти за учебната 2024/2025 година

ИНФОРМАЦИЈА ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ 2024/2025
КОНКУРС
за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми

 

  1. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

Рок за пријавување и запишување

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Пријавување на кандидатите

1 до 11.10.2024

3 до 14.2.2025

Запишување на кандидатите

18 и 21.10.2024

20. до 21.2.2025

 

 

  1. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања за втор циклус, на Економски факултет.

При пријавувањето за запишување кандидатите ги поднесуваат следниве документи:

  • електронска пријава (од upisi.ukim.mk);
  • пријавен лист за запишување (А1 образец);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари
  • Образец ПП 50:

Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;

Банка на примачот:

НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;

Уплатна сметка 840- ХХХ-03161; Конто 722313 00

 

 

 

 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.