Втор циклус – Упис на зимски семестар 2023/24

Информација за упис на зимски семестар
втор циклус 2023/2024 година

 

Почитувани,

 

 Ве информираме дека во системот iknow e креиран зимскиот семестар 2023/2024 година и сите студенти кои се запишале во вториот  уписен рок или имаат предмети за презапишување во зимскиот семестар, пред да дојдат во службата треба да  направат online упис.

Студентите кои ќе полагаат испити од летниот семестар во сесијата во јануари,  треба да направат online упис и во предвидениот термин да достават образец за упис на празен зимски семестар 2023/2024 без надомест.

Уписот ќе се реализира  од  18.09.2023-29.09.2023 од 12:00 до 14:00 часот, во службата за втор циклус.

 

ВАЖНО!

Доколку не сте биле активни во iкnow системот повеќе од 30 дена, лозинката се   сметa за  застарена и потребно е да креирате нова лозинка на Заборавена лозинка

 

Секое непочитување на дадениот термин, повлекува надомест за задоцнет упис!

 

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.