Европски студии– студиска програма 2017/2018

Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на Европски студии е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на европските студии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Покажува знаење и разбирање за актуелните аспекти на процесот на регионално интегрирање, со посебен акцент на процесите во рамките на Европската унија.
  • Покажува знаење и разбирање за актуелните аспекти на заедничките политики на Европската унија.
  • Покажува знаење за практиката, политиките и регулативата на Европската унија заради потребата од хармонизација на националната регулатива и практика на Република Северна Македонија со еврoпското законодавство.
  • Покажува знаење за европското бизнис окружување и начините за подигање на конкурентноста на нашите фирми на европскиот пазар преку избор на соодветна стратегија, компатибилна со современата меѓународна бизнис практика.

 Примена на знаењето и разбирањето:

  • Успешно ги интерпретира случувањата во процесите на регионално интегрирање, особено во рамките на Европската унија;
  • Ги користи знаењата за заземање критички став за предностите и слабостите на заедничките политики на Европската унија;
  • Професионално ги користи знаењата за преземање на потребните реформи што треба да се спроведат во земјата заради стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
  • Ги применува знаењата за европското бизнис окружување во насока на подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.

Способност за проценка:

  • Покажува способност за изведување заклучок или мислење за предностите и недостатоците на процесот на регионално интегрирање;
  • Покажува способност за прибирање, анализирање, оценка и презентирање информации за поважните заеднички политики на Европската унија и за предложените решенија во нивни рамки;
  • Демонстрира способност за проценка на потребните реформски чекори во земјата за стекнување на статусот на полноправна членка на ЕУ;
  • Покажува способност за препознавање на можностите за подигнување на конкурентноста на домашните компании за настап на Внатрешниот европски пазар.

Комуникациски вештини

  • Поседува способност за професионална комуникација со други професионалци од соодветната област, како и со претставници на институциите на системот;
  • Покажува способност да функционира ефикасно како дел од професионален тим ангажиран на проекти во врска со евроинтеграциските процеси;
  • Покажува способност за независно учество во научни и професионални дискусии, како и учество во научно-истражувачки проекти;
  • Поседува критички способности за предлагање мерки и решенија во врска со измените на условите во европското бизнис окружување.

Вештини на учење:

  • Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување на содржини од областа на Евроинтеграциите;
  • Поседува способност за правилно организирање и користење на времето;
  • Поседува способност за критичка анализа и генерирање на идеи во насока на решавање проблеми од секојдневната практика;
  • Покажува интерес за континуирана едукација и професионален развој на повисоки образовни нивоа.

Квалификација која се стекнува:

Магистер по Европски студии.

Семестар   1
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 512 Европски економски интеграции 30 7,00 проф. д-р Ирена Кикеркова; проф. д-р Елена Макревска Дисоска
EUS 515 Монетарна и фискална политика во ЕУ 30 7,00 проф. д-р Ѓорѓи Гоцков проф. д-р Сузана Макрешанска
EUS 513 Право и регулатива во ЕУ 30 7,00 проф. д-р  Сашо Георгиевски

Семестар   2
Шифра Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 514 Регионални трговски договори и СТО 30 7,00 проф. д-р Катерина Тошевска Трпчевска проф. д-р Ирена Кикеркова
EUS Магистерски труд 16,00
Зимски
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 517 Европско бизнис окружување 30 7,00 проф. д-р Љубомир Дракулевски Проф. д-р Стојан Дебарлиев
EUS Единствен пазар на ЕУ 30 7,00 проф. д-р Елена Макреска Дисоска Проф. д-р Сашо Геориевски
EUS 518 Социјална политика и пазар на трудот во ЕУ 30 7,00 Проф. д-р Предраг Трпески Проф. д-р Билјана Ташевска-Калкаплиева
Летен
Код Предмет Часови Кредити Предавачи
EUS 511 Современи тенденции во светското стопанство 30 7,00 проф. д-р Ирена Кикеркова проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска
EUS UKIM Изборен предмет од Листа на УКИМ 30 2,00
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.