Центар за кариера

Центарот за кариера (во полн назив: Центар за регрутирање на студенти, промоција на Факултетот и градење на кариера) е основан во април 2010 година, како еден од петте центри кои функционираат во рамките на Факултетот.

Мисија

Координирање на активностите што се преземаат во насока на: регрутирање нови студенти, промоција на Факултетот и градење кариера.

Визија

Да прерасне во „база” којашто ќе претставува главен посредник меѓу студентите и бизнис – заедницата, а воедно ќе претставува и сврзно ткиво меѓу самите студенти и Факултетот.

Цели /Активности

Центарот за кариера е надлежен за реализација и кординација на следните активности:

  1. Практична настава на студенти  (детални информации во документот Процедура за реализирање практична настава на студенти (прв и втор циклус) 
  2. Мобилност на студенти и наставен кадар (детални информации на линкот Мобилност на студенти и наставен кадар и во документот Процедури за мобилност
  3. Кариерен развој и Алумни (повеќе информации во документот Процедури за кариерен развој на студенти и алумни и на линкот Алумни
  4. Студенти – волонтери (Под мотото „Од студентите за студентите“, Центарот за кариера им овозможува на студентите да бидат дел од работењето на Факултетот, давајќи им можност да волонтираат во реализација на промотивните активности на Факултетот, како што се: настанот „Отворен ден“ , претставување на Факултетот на Саемот за образование и кариера и промоција на Факултетот во средните училишта во градот и низ државата. Во таа насока, Центарот има успешна соработка со АИЕСЕК и Студентското собрание – студентски организации коишто функционираат во рамките на Факултетот.
  5. Промоција на Факултетот (Настанот „Отворен ден“ се организира секоја година во рамки на Денот на високото образование на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој промотивен настан организиран под мотото „Од студентите за идните студенти“, во чијашто подготовка и реализација се активно вклучени самите студенти под менторство на асистентите и професорите, има за цел да ги отвори вратите за сите заинтересирани матуранти, идни студенти на Факултетот, кои ја користат оваа можност и да се запознаат одблизу со Економскиот факултет-Скопје.)
  6. Заеднички проекти со бизнис заедницата
    Летна школа          Најдобрите од Југоистокот (Best of South-East)
  7. Меѓународна соработка (повеќе детали на линкот Меѓународна соработка и во документот Процедури за меѓународна соработка  )

 

Контакт

м-р Маријана Цветковска
Советник за меѓународна соработка и Раководител на Центарот за кариера
Телефон: 02-3286-835
е-пошта: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk

 
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.