ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА УКИМ, ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

Почитувани студенти, почитувани посетители,

 

Согласно Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот covid-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба (Сл.весник на Р.С.Македонија бр.107/20), Ве информирамe дека влез во зградата на Економскиот факултет-Скопје ќе им биде дозволен само на оние студенти односно посетители кои ќе носат лична заштита на лицето.

 

Студентите и сите останати посетители за време на целиот престој во згрaдата на Економскиот факултет-Скопје задолжително треба да носат лична заштита на лицето.

 

Под лична заштита на лицето согласно Уредбата наведена во став 3 од член 1 на оваа одлука се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

 

Да ја почитуваме уредбата и заедно да го сочуваме нашето здравје и здравјето на другите.

 

Универзитет ,,Св. Кирил и Методијˮ во Скопје

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.