Известување за студентите на Економски факултет

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ, ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

 

 

Почитувани студенти,

 

Согласно новоностанатата состојба со вирусот COVID-19 и во насока на целосно почитување на  препораките од Министерството за здравство и заклучоците на Владата на Рeпублика Северна Македонија, а со цел заштита на Вашето здравје, здравјето на вработените на факултетот и јавното здравје во целост, Ве информираме за следните можности за комуникација со нас со цел да излеземе во пресрет на Вашите барања/потреби во периодот кој претстои:

Имено, Вашите барања за издавање на документи поврзани со вашиот образовен процес ќе може да ги поднесете на следните е-маил адреси, односно кон студентска служба.

 

На следниот линк ги добивате е-маил адресите и контакт од членовите на студентската служба. ЛИНК

 

Во Вашиот допис треба јасно да наведете:

1.Да наведете податоци за вас- име и презиме, департман, број на индекс.

2.Што е предмет на Вашето барање?

3.Да доставите во прилог јасно скениран документ (уплатница) како доказ за направена уплата за бараната услуга со наведени податоци за датум и износ на направената уплата.

НАПОМЕНА: Во периодот додека траат мерките, бараниот документ ќе Ви биде доставен на Вашата e-mail адреса, најдоцна до крајот на неделата во којашто сте го поднеле барањето.

           

Пример:

То: е-маил адреса на некој од членовите на СТУДЕНТСКАТА СЛУЖБА 

Subject: БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА/УВЕРЕНИЕ

 

Почитувни,

Јас _________________________________________ (име и презиме, департман, број на индекс) замолувам да ми биде издаден документ (уверение/потврда) _______________________________________________ кое ми е потребно за_________________________________________________________ .

Во прилог на овој допис Ви доставувам скенирана потврда за направена уплата/уплатница.

Со почит,

______________________

 

Целосна информација за одржување на наставно-образованиот процес на Факултетот, ќе биде доставена до четврток 19 март 2020 година.

           

                                                                Универзитет ,,Св. Кирил и Методијˮ во Скопје

                                                                                  Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.