КОНКУРС за упис на нови студенти во учебната 2023/2024
| Трет рок |
|
Пријавување на кандидатите | 28.9.2023 |
|
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) |
|
|
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) |
|
|
Запишување на кандидатите | 29.9.2023 |
|
Економски факултет (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9В) (8 семестри) | 200eu | 400eu | 400eu | 182 |
Е-бизнис | 0 | 0 | 4 | 4 |
Економија | 0 | 36 | 9 | 45 |
Маркетинг | 0 | 1 | 9 | 10 |
Менаџмент и претприемништво | 0 | 0 | 7 | 7 |
Меѓународна трговија | 0 | 53 | 9 | 62 |
Сметководство и ревизија | 0 | 18 | 10 | 28 |
Финансии | 0 | 16 | 10 | 26 |
Прием на документите за пријавување на идните студенти на Економскиот факултет – Скопје ќе се врши од 08:30 до 15:30 на 28.09.2023
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето се врши во службата за студентски прашања на Економски факултет, без прикачување на документите во електронската пријава.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријава за запишување (образец А1 – се купува од книжарата на факултетот);
- електронска пријава (генерирана од iKnow-системот);
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- извод од матичната книга на родените; (оригинал)
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал);
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари
(Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ;
Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00); - 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата:
Трансакциска сметка
100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник
1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма
723013 – 41
- Административната такса во износ од 50,00 денари
***Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, нотарски заверен или Лекарско уверение издадено од Универзитетската поликлиника Кузман Јосифовски – Питу, во Скопје)