Повик за изработка на стручни трудови и есеи (студии на случај) за студенти на тема: „Индустриска револуција 4.0: Како новите технологии ќе го променат сметководството во иднина“

По повод 70 години од постоењето на Економски факултет – Скопје, катедрата за сметководство и ревизија во соработка со Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) и Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ  (ИСОС) објавува:

Повик за изработка на стручни трудови и есеи (студии на случај) за студенти на тема:

Индустриска револуција 4.0: Како новите технологии ќе го променат сметководството во иднина

Осврт на следниве области и технологии:

  • Големи податоци (Big data)
  • Анализа на податоци (Data analytics)
  • Рударење на податоци (Data mining)
  • 5G Мрежа (5G Network) и Интернет на нештата (Internet of things)
  • Блокчејн & паметни договори (Blockchain & smart contracts)
  • Вештачка интелегенција (Artificial intelligence)
  • Други иновативни технологии

Форма и содржина на стручниот труд/есеј:

  • Есејот треба да содржи истражување кое опфаќа една или повеќе области и технологии и нивното влијание, односно како ќе го променат сметководството во иднина.
  • Есејот треба да вклучи теоретски осврт на истражуваните технологии и студија на случај, т.е. пример од практиката на имплетентирани и применувани технологии.
  • Големината на есејот не треба да надминува 8.000 зборови, вклучувајќи ги табелите и графичките прилози (доколку има) треба да биде распореден на минимум 7, максимум 14 страници.
  • Во својата структура се препорачува стручниот труд да содржи: (1) насловна страница; (2) резимe/ апстракт; (3) главен текст; (4) заклучни согледувања; (5) референци; (6) табели (доколку има); и (7) графички прикази(доколку има).  

Рок и начин на доставување:

  • Стручниот труд треба да биде доставен во електронска верзија најдоцна до 01.05.2020 година на следниот е-маил: todor.tocev@eccf.ukim.edu.mk

Наградниот фонд за најдобрите есеи изнесува 60.000 денари.

Наградените есеи ќе имаат презентација на „Конференција за предизвиците на сметководствената и ревизорска професија во 2020 година“, која се одржува на 15 мај 2020 година на Економскиот факултет во Скопје.

*Напомена:

  • Сите заинтересирани студенти, кои сакаат да учествуваат, треба да се пријават на следниот    е-маил:todor.tocev@eccf.ukim.edu.mk , најкасно до 10.03.2020 година со следните информации: ИМЕ, ПРЕЗИМЕ, Е-МАИЛ и БРОЈ НА ИНДЕКС.
  • Консултативна средба на 10.03.2020 година во Сала за донации со почеток во 15.00 часот.
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.