Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето?
Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?
Сакате да научите повеќе во делот на Човечки ресурси?
ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНСТВО – СЕКТОР ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Зошто Реплек?
- Иновативна и предизвикувачка работа;
- Работа со високо мотивиран тим;
- Примена на најнови HR трендови.
Вие сте нашиот избор доколку сте:
- Студент на Економски факултет трета и четврта година студии;
- Проактивни и посветени на работата со голема желба и мотивација за учење;
- Аналитични, активно користите exel – напредно ниво.
Ваши одговорности:
- Работење во делот на персонална администрација;
- Репортирање и администрација на база на податоци.
- Вршење на анализи и подготовка на извештаи;
Професионалната биографија ја очекуваме на kariera@replek.mk најдоцна до 12.07.2023 година, со назнака “За практикантска работа”. По завршување на практиканстската работа, постои можност за доставување на Понуда за работа.