Пракса: ОКТА најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Економски факултет Скопје во рамки на Универзитетот ‘’Св. Кирил и Методиј’’

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да има средно – високо познавање на англиски јазик.
  3. Студентот да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.

 

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во сектор Банкарство, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 15.04.2024 година.

 

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

 

Цели на праксата

  • Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
  • Практикантот ќе биде под директно менторство на менаџерот во сектор Банкарство, истовремено асистирајќи во повеќе сфери на работа.
  • Банкарство е сектор под дирекција за финансии и администрација, и ги опфаќа следниве активности – плаќање на денарски и девизни обврски кон добавувачите, користење на SAP платформа, проверка и евиденција на колатералите, откуп на странски платежни средства на девизниот пазар, подготовка на разни извештаи за потребите на работењето, кредитна контрола на побарувањата од купувачите, подготовка на извештаи од областа на кредитната контрола. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на напреден Microsoft Excel, напреден англиски јазик и деловна комуникација како и да се запознае со SAP платформата.

 

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При доставување на пријавата кандидатите да наведат за кој сектор аплицираат за пракса, Секторот Банкарство.

 

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 10.04.2024 год.

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.