Прв циклус – Заверка на летен семестар 2026 год.

Почитувани студенти,

Ве информираме дека заверката на летниот семестар 2025/2026 започнува на 15.6.2026 и ќе трае до 03.07.2026 година.

При заверката на семестарот, студентите задолжително да го приложат индексот, а оние студенти кои не ги подмириле обврските за летниот семестар 2025/2026 истото да го направат при заверка на  семестарот.

Студентите кои немаат електронски потпис за  реализирана  настава по одреден предмет, да достават доказ за стекнување на можност за полагање на испит по соодветниот предмет.

Студентите кои ги положиле сите испити и планираат да поднесат дипломски труд, заверката на семестарот ќе ја направат во исто време со поднесување на дипломскиот труд, најдоцна до 08.07.2026.

 

Заверката на семестарот ќе се одвива според распоредот по денови како што следува:

  • 15.6.2026 до 18.6.2026 – прва година
  • 19.06.2026 до 23.6.2026 – втора година
  • 24.6.2026 до 26.6.2026 – трета година
  • 29.6.2026-3.7.2026 – четврта година

 

*Секое не почитување на распоредот повлекува надомест за не навремена заверка!

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.