Прв циклус студии – Економски факултет, Скопје
Почитувани бруцоши,
Искрено Ви честитаме на постигнатиот успех и приемот на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". Со вашиот труд и резултати го заслуживте местото меѓу студентите на најдобриот факултет – лидер во високото образование во државата!
Ве очекува возбудливо академско патување исполнето со нови знаења, искуства и пријателства, можности за вклучување во проекти, како и поддршка од професори и служби кои секогаш се на располагање за Вас.
Ве охрабруваме да бидете активни, љубопитни и упорни – бидејќи токму тоа е патот кон успехот!
Сите примени кандидати треба да се регистрираат и да креираат личен профил на ниско ниво (анонимно) на Националниот портал за е-услуги – со клик на копчето или со скенирање на QR-кодот. По пополнување на образецот ВОИ 20 ќе добиете Генериран образец и Потврда за успешно доставен образец со електронски печат на ДЗС – се доставуваат на денот на уписот (во полето за број на индекс напишете „бруцош").
Отвори го порталот за е-услугиПотврди за извршени уплати (кликнете за да го погледнете соодветниот ПП 50 образец):
Ви благодариме на довербата! Ваш Економски факултет!
За подетални прашања обратете се во Одделението за студентски прашања на Економскиот факултет – Скопје.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани