Прв циклус – Конечни ранг листи на примени кандидати во вториот уписен рок 2025/26 и информации за упис на Економски факултет – Скопје

Конечни ранг листи на примени кандидати во вториот уписен рок 2025/26

 

Почитувани бруцоши,

Искрено Ви честитаме на постигнатиот успех и приемот на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со вашиот труд и резултати го заслуживте местото меѓу студентите на најдобриот факултет лидер во високото образование во државата!

Ве очекува возбудливо академско патување исполнето со нови знаења, искуства и пријателства, можности за вклучување во проекти, како и поддршка од професори и служби кои секогаш се на располагање за Вас.

Ве охрабруваме да бидете активни, љубопитни и упорни – бидејќи токму тоа е патот кон успехот!

Уписот ќе се реализира на 22.9.2025 година-понеделник во Предавална 4, од 08:30-15:30 часот.

За  уписот Ве молиме да ги комплетирате следните документи:

– индекс – достапен во кинижарниците во кампусот (индексот треба да е пополнет со личните податоци и задолжителни и изборни предмети од првиот семестар ЛИНК;

– три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3)

– Статистички прашалник – достапен во книжарниците во кампусот

– За студентите примени во кофинансирање, уплата од 12.300 денари (линк од пп50)

– За вонредните студенти уплата од 12.300 денари (линк од пп50)

 За сите студенти:

– Уплата за УКИМ ИКСА 750 денари (линк од пп50)

– Уплата 100 денари за семестрални листови и листови за упис (линк од пп50)

а) Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми по семестар 1.000 денари

б) Набавка на онлајн ресурси за реализација на студиските програми по семестар уплата од 1.000 денари.

 Овие два износи можат да се уплатат на една уплатница од вкупно 2000 денари (линк од пп50)

– Договор за студирање- достапен на факултетот

🔹 Оваа информација се однесува на рангираните и примени кандидати во вториот  уписен рок.

Ве молиме почитувајте ги дадените термини и инструкции за да се избегнат непотребни гужви и проблеми во процесот на уписот

🔹 Кандидатите кои се на листата на нерангирани ќе можат да аплицираат повторно во третиот уписен рок.

Со почит,
Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
75 години

Во 2025 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 75 години од своето основање.