прв рок | втор рок | трет рок | |
Пријавување на кандидатите | 29.8. и 30.8.2024 | 17 и 18.9.2024 | 27.9.2024 |
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) |
3.9. 2024 |
20.9.2024 | |
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) |
6.9. 2024 |
25.9.2024 | |
Запишување на кандидатите |
11 и 12.9.2024 |
26.9.2024 |
30.9.2024 |
Пријавување и поднесување на потребните документи ќе се врши во просториите на Економски факултет – Скопје на 29 и 30.08.2024 од 08:30 до 15:30ч.
Документи за пријавување
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријава за запишување (образец А1 – се купува од книжарата на факултетот);
- електронска пријава (генерирана од iKnow-системот);
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- извод од матичната книга на родените; (оригинал)
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение) (оригинал);
- потврда за уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари
(Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ;
Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00); - 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата:
Трансакциска сметка
100000000063095
Сметка на буџетскиот корисник
1600103697 – 788 – 10
Приходна шифра и програма
723013 – 41
- Административната такса во износ од 50,00 денари
***Освен горенаведените документи, кандидатите за вонредни студенти поднесуваат и документ за вонредно студирање (М1/М2 образец, или лекарско уверение издадено од Студентска поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје)