Соопштение:
Согласно Одлуката на Унив. Св Кирил и Методиј во Скопје, сите редовни и вонредни студенти од ПРВА ГОДИНА – запишани во учебната 2023/2024, задолжително треба да направат систематски преглед во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу), најдоцна до 05.02.2024 год., секој работен ден од 07:30 до 12:00ч
Потребни документи:
- Индекс
- Заверена здравствена легитимација
- Копија од здравствена легитимација од 2 до 5 страна
Напомена:
Без извршен систематски преглед потврден од ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (печат во индекс), студентот нема да може да завери зимски семестар од учебната 2023/2024 год.
Со почит,
Економски факултет – Скопје