Сметководство и ревизија – студиска програма 2017/2018

Сметководство и ревизија – студиска програма 2017/2018

Студиската програма по Сметководство и ревизија на прв циклус студии доби акредитација од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants). Акредитацијата носи големи поволности на студентите на Економскиот факултет – Скопје кои сакаат да го продолжат своето професионално усовршување во областа на сметководството, ревизија, финансиите и менаџментот на најголемото и најбрзо растечкото глобално тело за професионални сметководители – ACCA.

Цел на студиската програма по СМЕТКОВОДСТВО И РЕВИЗИЈА е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на сметководството и ревизијата и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели, студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ: 

Дипломираниот економист на департманот по сметководство и ревизија се оспособува за примена на техники за евиденција и анализа на ефектите од трансакциите во кои се вклучуваат организациите од приватниот и јавниот сектор, се оспособува за проверка на веродостојноста на трансакциите и прикажаните ефекти од трансакциите во интерните и екстерни извештаи на организацијата, се оспособува да ги анализира факторите кои влијаат на финансиските резултатите во работењето. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и други институции.    

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:

Знаење и разбирање:

  • Знаење за основните сметководствени принципи, претпоставки, стандарди и законска регулатива како и карактеристиките на современата сметководствена практика чија цел е подготовка на информации за различни групи на корисници.
  • Знаења за методите на сметководствено опфаќање на трошоците, техниките за краткорочно и долгорочно донесување на одлуки, различните методи на вреднување на залихите и другите аспекти на деловното одлучување;
  • Знаење за стандардите за ревизија, нормите за етичко однесување на ревизорите, како и за процесот на ревизија, и содржината и значењето на извештаите на интерните и екстерните ревизори.

Примена на знаењето и разбирањето:

  • Ги применува теоретските принципи за сметководствена евиденција на различни видови на економски настани кај различните видови на ентитети и институции.
  • Ги анализира финансиските информации, пресметува показатели на успешност и ги толкува различните аспекти од работењето врз основа на достапните извештаи. Сочинува разбирливи извештаи за различни групи на потенцијални корисници.
  • Професионално расудува во примената на релевантната професионална и законска регулатива за финансиското известување и ревизијата во врска со извршување на ревизорски ангажмани или подготовка на финансиски извештаи за екстерни цели.

Способност за проценка:

  • Демонстрира способност за синтеза на заклучоци и изведување на професионално мислење врз основа на достапни сметководствени информации.
  • Демонстрира способност за проценка на квалитетот на подготвените финансиски извештаи во контекст на регулаторната рамка.
  • Демонстрира аналитичност за проблемски ситуации и способност зa примена на сметководствени проценки при подготовка на финансиски извештаи, аналитички постапки при ревизија на финансиски извештаи, вреднување на работењето на претпријатија во целина, идентификување и квантификување на финансиски и деловни ризици и сл.

Комуникациски вештини:

  • Покажува способност адекватно да комуницира со менаџментот, клиентот на друштвото за ревизија, вработените, кредиторите, претставници од државните институции и агенции. Работи ефикасно како член на тимот, поседува доверливост, ненаметливо однесување, критичко размислување, ги разбира и почитува културните разлики.
  • Покажува способност за комуницирање и пренесување на сметководствени прашања на лица со различен образовен профил, искуство и стил на комуникација.
  • Поседува разбирање за човековото однесување, вредносните системи, елементите и компонентите на комуникација, вештините за слушање, отвореност за комуникација, управува со времето и со стресот.

Вештини на учење:

  • Демонстрира совладани вештини за учење – читање и слушање, визуелизирање, проверка преку практични примери, симплифицирање на варијациите.
  • Демонстрира способност за активно учење, расположливост за учење преку практикување и обезбедување на услуги на пошироката деловна заедница.
  • Покажува способност за идентификување на своите сопствени потреби и интереси за постдипломски студии во различни области на сметководството и финансиите.

Квалификација која се стекнува: Дипломиран економист на департманот Сметководство и ревизија.

Прва година задолжителни предмети
Р.бр. Шифра Предмет Часови ECTS
Зимски семестар
1 ECN 110 Основи на економијата 6+0 8
2 MST 110 Математика за економисти 4+2 8
3 INT 110 Трговско право 4+2 8
4 АCC 110 Основи на сметководство 4+2 8
Летен семестар
5 MST 120 Статистика за бизнис и економија 4+2 8
Втора година задолжителни предмети
Зимски семестар
1 MGT 210 Основи на менаџмент 6+0 8
2 ACC 210 Финансиско сметководство 6+0 8
Летен семестар
3 ACC 220 Управувачко сметководство I 6+0 8
4 MGT 430 Деловно комуницирање 4+2 8
5 FIN 210 Финансиски пазари и институции 6+0 8
Трета година задолжителни предмети
Зимски семестар
1 АCC 330 Корпоративно финансиско известување 6+0 8
2 АCC 340 Сметководствени информациони системи 6+0 8
3 MGT 390 Финансиски менаџмент 6+0 8
Летен семестар
4 АCC 320 Ревизија 6+0 8
5 АCC 310 Управувачко сметководство II 6+0 8
Четврта година задолжителни предмети
Зимски семестар
1 АCC 420 Државно сметководство и сметководство на непрофитни организации 6+0 8
Летен семестар
2 АCC 410 Меѓународно сметководство 6+0 8
3 АCC 440 Анализа на финансиски извештаи 6+0 8
4  АCC 430 Интерна ревизија 6+0 8
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.