Соопштение за задолжителен систематски преглед

Соопштение

Согласно Одлуката на Унив. Св Кирил и Методиј во Скопје, сите редовни и вонредни студенти од ПРВА ГОДИНА – запишани во учебната 2022/2023, задолжително треба да направат систематски преглед во ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (сместена во студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу), од 09 – 20.01.2023 год., секој работен ден од 07:30 до 12:00ч

Потребни документи:

  • Индекс
  • Заверена здравствена легитимација
  • Копија од здравствена легитимација од 2 до 5 страна

Напомена:

Без извршен систематски преглед потврден од ЗУ Поликлиника на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (печат во индекс), студентот нема да може да завери зимски семестар од учебната 2022/2023 год.

 

Со почит,

Економски факултет – Скопје

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.