Раководител: проф. д-р Владимир Филиповски
Секретар: проф. д-р Борче Треновски
Оделение за студентски прашања: 02/3286-829
Цели на студиската програма:
Република Северна Македонија, како земја во развој, настојува да изгради стартегија за оставрување повисоки стапки на економски раст и забран економски и општествен развој. За таа цел, од клучно значење е изборот на соодветни развојни макроекономски политики (фискална, монетарна), како и микроекономски политики, насочени кон пооделни сектори во економијата. Исто така, за македонската економија е важно обезбедувањето на дополнително странско штедење, т.е. финансиски капитал, со кој ќе се финансираат развојните проекти во јавниот и во приватниот сектор, па оттаму произлегува и значењето на познавањето на функционирањето на меѓународните финансиски пазари општо, како и на меѓународните финански институции (Светска банка, Меѓународен монетарен фонд и сл.) посебно. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на економскиот развој и меѓународните финансии, која ќе понуди соодветни знаења, спсобности и вештини од овие области во рамките на економските науки. Ваквите знаења, способности и вештини се неопходни за сите оние кои се ангажирани во институциите од јавниот сектор во кои се дизајнираат и реализираат макроекономските и микроекономските политики, односно структурните реформи насочени кон создавање услови за забрзан економски раст и развој. Паралелно со тоа се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените економски политики и реформи, со цел предлагање мерки за поефикасно и поефективно спроведување на истите.
Студиската програма по Економски развој и меѓународни финансии е структурирана на начин што овозможува стекнување знаења и квалификации од пошироката област на економскиот раст и развој, макроекономските и развојните политики, како и меѓународните ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ – ЕДНОГОДИШНИ СТУДИИ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ 15 финансиски пазари и развојното финансирање. По завршувањето на студиите од втор циклус по Економски развој и меѓународни финансии, студентите ќе се стекнат со знаење, вештини и компетенции кои ќе им овозможат да се ангажираат и унапредуваат во повеќе кариерни дисциплини: моделирање на процесот на економски раст, анализа и оценување на макроекономските и развојни политики, анализа и оценување на интеракцијата на финансискиот систем и економскиот раст.
Целината на знаења која ја нуди студиската програма по економски развој и меѓународни финансии ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во јавниот сектор и во приватниот деловен сектор. Во јавниот сектор: министерства (посебно за економските ресори: финансии, економија, социјална политика, екологија); понатаму, централната банка (НБРСМ), различни регулаторни агенции (Комисија за заштита на конкуренцијата, Агенција за електорнски комуникации и сл.) и др. Во приватниот сектор: банки и други финансиски институции, приватни трговски друштва од различни сектори; високо-образовни и научно-истражувачки институции, и др.
Според кадровската профилираност, магистрантите од оваа студиска програма ќе стекнат способности и квалификации за анализа и евалуација на: стратегиите и политиките на стимилирање на економскиот раст и развој; монетарната и фискалната политика и нивната координација; политиките на привлекување странски директни инвестиции и други форми на меѓународно финансирање на економскиот развој; политиките на пазарот на трудот и социјалните политики, политиките на заштита на конкуренцијата, економските ефекти на процесите на дигитализација, политиките на заштита на животната средина.
Последипломските студии на Економски развој и меѓународни финансии се организирани во три семестри, од кои во два семестри се организира настава, а во третиот се пријавува и се изработува магистерскиот труд. Студиите се состојат од 8 предмети за кои се организирани предавања, континуирана оценка и испитување на студентите. Бројот на часовите за редовна настава и менторска настава се определува според бројот на пријавените студенти.
Цел на студиската програма од вториот циклус студии од областа на ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И МЕЃУНАРОДНИ ФИНАНСИИ е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економскиот развој и меѓународните финансии и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.
Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:
Знаење и разбирање:
Примена на знаењето и разбирањето:
Способност за проценка:
Комуникациски вештини:
Вештини на учење:
Студентите можат да се запишат на докторски студии кои се организираат од страна на Економскиот факултет во Скопје, или на меѓународни универзитети во странство.
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
EDIF510 | Економски раст и развој-теории и развојни политики | 40 | 6,00 | Проф. д-р Владимир Филиповски |
EDIF520 | Современите макроекономски концепции и политики | 40 | 6,00 | Проф. д-р Трајко Славески |
EDF530 | Странските директни инвестиции и глобалните синџирири на вредноста | 40 | 6,00 | Проф. д-р Ирена Кикеркова |
EDF540 | Меѓународните финансиски пазари и институции и развојното финансирање | 40 | 7,00 | Проф. д-р Владимир Филиповски |
Шифра | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
Изборен предмет од Економски факултет* | 40 | 6,00 | ||
Изборен предмет од Економски факултет* | 40 | 6,00 | ||
Изборен предмет од Економски факултет* | 40 | 6,00 | ||
Магистерски труд | 18 |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
ER UKIM | Изборен предмет од Листа на УКИМ | 40 | 2,00 |
Код | Предмет | Часови | Кредити | Предавачи |
---|---|---|---|---|
ER 503055 | Технолошкиот развој и глобализацијата | 40 | 7,00 | Гоце Петрески |
ER 503058 | Меѓународни финансиски и трговски институции и економскиот развој | 40 | 7,00 | Наталија Николовска |
ER 503056 | Меѓународниот бизнис и економскиот развој | 40 | 7,00 | Бобек Шуклев |
ER 503057 | Меѓународна економија | 40 | 7,00 | Ирена Кикеркова |
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани