Целта на студиската програма е да оформи профил на современ дипломиран економист, кој ќе поседува знаења од микроекономската и макроекономската теорија и способности за микроекономска и макроекономска анализа. Современите пазарни економии бараат продлабочени знаења за објаснување на микроекономските и макроекономските појави и процеси, а водењето на економските политики на државата бараат способности за емпириска економска анализа, врз база на која се формулираат макроекономските и микроекономските политики.
Студиската програма за прв циклус студии од Економија е структурирана со цел да им овозможи на студентите да се стекнат со знаења, способности и компетенции за разбирање и анализа на економските појави и процеси. Тие економски појави и процеси се однесуваат на микроекономско ниво, односно на ниво на поединечни фирми, на ниво на поединечни пазари на добра и услуги и на пазари на фактори на производство; но исто така, опфатени се појавите и процесите на макроекономско ниво, т.е динамиката на макроекономските агрегати и функционирањето на макроекономските политики на ниво на целокупната македонска економија, дополнето со одредени аспекти на функционирањето на глобалната економија. Врз основа на ваквите знаења, целта е да се оспособат студентите да можат на стручен и креативен начин да ги анализираат, дискутираат и оценуваат алтернативните пристапи во дизајнирањето на микроекономските и макроекономските политики на државата.
Студиска програма на прв циклус студии по Економија е структурирана на начин кој овозможува истата да биде во согласност со потребите и барањата на три групи на заинтерсирани општествени субјекти во рамките на македонската економија.
Најпрво, тоа се потребите на фирмите во производниот сектор на економијата. Фирмите имаат потреба од стручни кадри кои имаат знаења и компетенции за економска анализа на побарувачката, понудата и цените на пазарите на добра и услуги, но и на пазарите на производните фактори (трудот, капиталот, знаењето и иновациите). Во оваа група субјекти спаѓаат: големи, средни и мали претпријатија во приватниот сектор, јавни претпријатија, финансиски институции, стопански комори и сл.
Потоа, тука се потребите на државните институции кои ги формулираат и имплементираат економските политики. Овие институции имаат потреба од стручни кадри кои имаат знаења како за современата економска теорија, така и за изработка на емпириски економски анализи, базирани на современи методологии на квантитативна и квалитативна анализа. Ваквите теоретски и применети знаења и квалификации се неопходни за разбирање на процесите во реалната економија и за избор и формулирање соодветни микроекономски и макроекономски политики, со цел обезбедување услови за забрзан економски раст и долгорочен одржлив развој на македонската економија. Во оваа група на заинтересирани општествени субјекти спаѓаат: Народна банка на РСМ, Министерството за финансии на РСМ, Министерството за економија на РСМ, Владата на РСМ, потоа различни регулаторни институции (Комисијата за заштита на конкуренцијата, Регулаторна комисија за енергетика, Агенција за електронски комуникации и сл.)
Исто така, научно-истражувачки институции, институти и организации, имаат потреба од дипломирани економисти за работни позиции како што се: асистенти на факултетите, научно-стручни соработници и истражувачи. Во овој контекст, студентите од департманот економија можат са вклучат во работа на научно-истражувачки проекти со кои се анализираат различни прашања поврзани со функционирањето на производниот сектор, финансискиот сектор; се оценуваат пристапите, мерките и ефектите на економските политики и институционалните реформи во економскиот, социјалниот и политичкиот систем, насочени кон обезбедување економски раст и развој и сл.
Прва година задолжителни предмети | ||||
Р.бр. | Шифра | Предмет | Часови | ECTS |
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 110 | Основи на економијата | 6+0 | 8 |
2 | MST 110 | Математика за економисти | 4+2 | 8 |
3 | АCC 110 | Основи на сметководство | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
5 | MST 120 | Статистика за бизнис и економија | 4+2 | 8 |
Втора година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 210 | Макроекономија | 6+0 | 8 |
2 | ECN 220 | Микроекономија | 6+0 | 8 |
3 | ECN 240 | Економика на Македонија | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | ECN 230 | Економија на социјалната држава | 6+0 | 8 |
5 | ECN 250 | Економија на трудот | 6+0 | 8 |
Трета година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 310 | Економија на инвестиции | 6+0 | 8 |
2 | ECN 320 | Економски раст и развој | 6+0 | 8 |
3 | ECN 330 | Економетрија | 6+0 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | ECN 350 | Развој на економската мисла | 6+0 | 8 |
5 | ECN 340 | Регионална и урбана економија | 6+0 | 8 |
Четврта година задолжителни предмети | ||||
Зимски семестар: | ||||
1 | ECN 440 | Методи на макроекономската анализа | 6+0 | 8 |
2 | ECN 420 | Економија на јавниот сектор | 6+0 | 8 |
3 | FIN230 | Јавни финансии | 4+2 | 8 |
Летен семестар: | ||||
4 | ECN 410 | Државна регулација на бизнисот | 6+0 | 8 |
5 | ECN 430 | Глобалната економија и економските системи | 6+0 | 8 |
Наставен план 2008/2009
Информација за еквиваленција на положени испити според старите наставни планови може да се види ОВДЕ.
Според Акредитацијата на Наставниот план 2008/2009, во текот на студирањето студентот треба да положи 23 задолжителни и минимум 8 изборни предмети и притоа да освои минимум 240 кредити.
Наставниот план 2008/2009 за департманот економија може да се симне од следниов ЛИНК
Наставен план 2012/2013
Според Акредитацијата на Наставниот план 2012/2013, во текот на студирањето, студентот треба да положи 19 задолжителни предмети (60% од вкупниот број на предмети), 9 изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет (30% од вкупниот број на предмети), а останатите 3 изборни предмети студентите ги бираат од листата на предмети на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, на која се вклучени и предмети на Економскиот факултет (10% од вкупниот број на предмети).
Студентите од прва година одбираат изборни предмети од листата на изборни предмети на Економскиот факултет, кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 како прв (пример шифра MGT 120), студентите од втора година одбираат предмети кои во нумеричкиот дел од шифрата го содржат бројот 1 и / или 2 како прв (пример шифра MGT 240 и/или MGT 120), итн.
Наставниот план 2012/2013 за департманот економија може да го видете на следниов ЛИНК
Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.
Економскиот факултет во рамките на интегрираниот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на економијата и бизнисот.
Економски факултет
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“
бул. Гоце Делчев бр.9В
1000 Скопје
Република Северна Македонија
телефон: (02) 3286-800
факс: (02) 3118-701
Е-пошта: contact@eccf.ukim.edu.mk
www.eccf.ukim.edu.mk – сите права се задржани