fbpx

Акредитација на програмата по Сметководство и ревизија на ВТОР ЦИКЛУС СТУИИ (магистерски студии) од страна на ACCA

 Економскиот факултет – Скопје ве известува дека програмата по Сметководство и ревизија на втор циклус студии (магистерски студии) е акредитирна од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants) и истата се на периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2027 година. Со акредитацијата Економскиот факултет – Скопје им го олеснува патот на студентите кои сакаат да го продолжат своето професионално усовршување во областа на сметководството, ревизијата, финансиите и менаџментот на најголемото и најбрзо растечкото глобално тело за професионални сметководители – ACCA.

 

 Што значи тоа? – Сите студенти кои ќе магистрираат на програмата за Сметководство и ревизија на втор циклус студии при Економскиот факултет – Скопје (започнувајќи од 01.01.2023 година) се стекнуваат со признавање на пет од вкупно девет предмети од страна на ACCA за време на нивните студии (слика подолу – признати предмети). Со тоа на студентите им се вреднува знаењето што го постигнале за време на нивното студирање, а исто така заштедуваат време и финансиски средства за да ја остварат својата цел – членство во ACCA. Бенефициите од акредитацијата можат да ги користат и студентите од другите студиски програми. При нивното аплицирање за стекнување на звање овластен сметководител според програмата на ACCA ќе им бидат признаени акредитираните предмети доколку ги имаат положено во текот на студирањето.

 Во тек е подготовка на документација за признавање и на останатите предмети од страна на ACCA, за што ќе бидете навремено известени за исходот од апликацијата.

 

Слика: Признати предмети од страна на ACCA од програмата по Сметководство и ревизија на втор циклус студии

 Што е ACCA и која е нивната мисија?

 ACCA (Асоцијација за лиценцирани сметководители) е најголемото меѓународно тело за професионални сметководители. Асоцијацијата има за цел да понуди релевантни квалификации, способности и вештини на студентите кои одлучиле да градат кариера во областа на сметководството, ревизијата, финансиите и менаџментот.

 ACCA ги поддржува своите над 200.000 членови и скоро 500.000 студенти во 180 земји. ACCA работи преку мрежа од 101 канцеларија и соработува со скоро 7.300 работодавачи, тесно поддржувајќи ги оние кои инвестираат во човечки капитал.

 Основана во 1904 година, ACCA постојано одржува уникатни основни вредности: можност, разновидност, иновации, интегритет и одговорност. Верува дека сметководителите им носат вредност на економиите во сите фази на развој, бараат да се развие капацитет во професијата и да се поттикне усвојување на глобални стандарди. Основните вредности на ACCA се усогласени со потребите на работодавачите во сите сектори и гарантираат дека преку својот опсег на квалификации, подготвуваат сметководители за деловни активности. ACCA има за цел да им ја отвори професијата на луѓето од сите средини и да ги отстрани вештачките бариери, да ги иновира своите квалификации и да ги задоволи различните потреби на вработените и нивните работодавачи.

Контакт за прашања поврзани со акредитацијата:


Асист. м-р. Иван Дионисијев, секретар на Катедрата за сметководство и ревизија

e-mail: ivan.d@eccf.ukim.edu.mk

tel: 076361926

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.