На 03.06.2021 година проф. д-р Предраг Трпески, декан на
Економскиот факултет-Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје
оствари средба со проф.д-р Метка Текавчиќ, деканка на Економскиот факултет при
Универзитетот во Љубљана.
На средбата се дискутираше за продлабочување на соработката
помеѓу двете високообразовни институции во насока на надградување на истата со засилено
заедничко учество во реализација на меѓународни проекти и активности во интерес
на двете страни.
Имено, во идниот период ќе се засили соработката на Еразмус+
програмата која вклучува проекти за зајакнување на институционалните капацитети
и зголемување на можностите за размена на студенти, наставен кадар и
администрација.