fbpx

ВТОР ЦИКЛУС: Конкурс за упис на студенти за учебната 2022/2023 година

ИНФОРМАЦИЈА ЗА УПИСИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

Линк до конкурсот за упис на втор циклус студии

  1. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

 

Рок за пријавување и запишувањеПрв уписен рокВтор уписен рок
Пријавување на кандидатите1927 септември 20227-17 февруари 2023
Запишување на кандидатите3 и 4 октомври 202221 – 23 февруари 2023

  

  1. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

 Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски во iknow  и во предвидениот период за упис од 19-27.09.2022 година, пријавените кандидати задолжително да ги достават документите во службата за втор циклус. Со поднесување на документите во службата, се смета дека кандидатот успешно аплицирал за упис на втор циклус на студии.

Потребни документи:

  • пријавен лист за запишување(образец А1 од книжара);
  • електронска пријава (од upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • копија од извод од матична книга на родени
  • потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50:

Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;

Банка на примачот: НБРСМ;

Трансакциска сметка 100-0000000-630-95;

Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)

  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

Единиците на своите огласни табли ќе ги објават роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.