ПРВ ЦИКЛУС: Конкурс за упис на студенти за учебната 2022/2023 година

ЛИНК ДО КОНКУРСОТ

 прв роквтор роктрет рок
Пријавување на кандидатите30.8. и 31.8.202216 и 17.9.202228.9.2022
Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа)

 

2.9. 2022

 

20.9.2022

 
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)

 

7.9. 2022

 

23.9.2022

 

 

Запишување на кандидатите

 

12 и 13.9. 2022

 

26.9.2022

 

30.9.2022

Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава во iKnow системот.

Системот за електронско пријавување автоматски генерира број, единствен за секој кандидат.

Откако кандидатот ќе ги пополни сите прозорци кои се отвараат во I-know системот, системот автоматски ќе му овозможи да ги прикачи документите за пријавување (во pdf или во jpg формат).

Откако ќе заврши со пријавувањето во I-know системот, кандидатот треба да ја испрати својата пријава(прикачените документи во системот iknow од последниот чекор) и на соодветната електронска адреса upisi2022@eccf.ukim.edu.mk на факултетот каде што се пријавува.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Бидејки апликацијата за пријавување е отворена, како и можноста за прикачување на предвидентите документи, процесот на пријавување може да се заврши и пред назначените датуми, но не подоцна од 31.08.2022 год., до 16,00ч.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи (во pdf или во jpg формат):

  1. пријава за запишување на факултетот (образец А1 од книжара) Пример – LINK
  2. универзитетски и интерен пријавен лист (од последниот чекор на iKnow-системот точка 1 и 7)
  3. оригинални свидетелства од сите класови
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. извод од матичната книга на родените
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. потврда за уплатa:
    • Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје;

Банка на примачот: НБРСМ;

Тансакциска сметка 100-0000000-630-95;

Уплатна сметка 840-ХХХ-03161;Конто 722313 00)

  • 300 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата (цел на дознака: обработка на податоци)

Назив на примачот: Буџет на РМ – Економски факултет – Скопје Банка на примачот: НБРМ

Сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600103697 788 10

Приходна шифра: 723013

Програма 41

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти поднесуваат, покрај горенаведените документи и образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Унив.„Св. Кирил и Методиј” во Скопје)

Пријавувањето за упис на Економски факултет – Скопје се врши само online, а на 12 и 13.09.2022 примените кандидати ги поднесуваат документите во материјална форма во просториите на факултетот за што ќе следи дополнителна информација.
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.