fbpx

Групно финансирање (crowdfunding) – Денови на финансиска писменост

Почитувани колеги, 

Ве известуваме дека во рамките на петтото издание на Денови на финансиска писменост, претставници од Министерството за финансии ќе одржат предавање на темаГрупно финансирање (crowdfunding).

 

Станува збор за концепт на финансирање на идеи, проекти, производи во почетни фази од развој, мали и средни претпријатија и сл. 

Концептот на финансирање се остварува преку онлајн платформи за групно финансирање (crowdfunding), каде што од едната страна бара финансирање на својата идеја, концепт, бизнис и сл., а од другата страна се маса на потенцијални поддржувачи кои може финансиски да ги поддржат. 

Предавањето ќе го опише концептот на финансирање, ќе даде осврт од кога почнува да биде актуелен, какви видови на групно финансирање (crowdfunding) постојат, како се реализираат кампањите, кои се придобивките и сл.  

Целта на ова предавање е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги. 

 

Предавањето ќе се одржи на 01.12.2021 (среда) од 15:00 часот на следниов линкmeet.google.com/puj-jpsm-ehc

 

Со почит, 

Економски факултет – Скопје 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.