fbpx

За пријавување на магистерски труд задолжително се користи следниов темплејт. Темплејтот може да се симне на следниов ЛИНК

Упатство
за пријавување на тема и тези за магистерски труд

Пред да се достават тезите, студентите претходно треба да го достават индексот кај Референтот за втор циклус за да се провери досието со пријавите (најдоцна една недела пред да се поднесат тезите). Предуслов е положување на предвидените испити.

Кандидатот може да пријави магистерска тема од областа која се изучува на соодветната студиска програма. Исто така, кандидатот може да избере потенцијален ментор од акредитираните ментори од соодветната студиска програма.

Кандидатот поднесува пријава за изработка на магистерскиот труд до Наставнонаучниот совет на Економскиот факултет-Скопје, преку Советот за втор циклус студии и преку Колегиумот на студиската програма на втор циклус студии на која е запишан најдоцна 10 дена пред одржување на седница на Наставно-научниот совет на Економскиот факултет-Скопје. Наставно-научниот совет на Економскиот факултет-Скопје вообичаено одржува седница еднаш месечно и тоа последниот петок во месецот. Пријавите пристигнати после овој рок, нема ad hoc да се ставаат на седница на Колегиумот на студиската програма на втор циклус студии на која е запишан кандидатот, туку ќе се разгледуваат на наредната седница.

Пријавата за магистерскиот труд (тезите) се доставува до Архивата на Економски факултет Скопје во 4 примероци (неукоричени и испринтани двострано) сите потпишани на насловната страна од потенцијалниот ментор и од кандидатот. Исто така, пријавата се доставува и во електронска верзија на 3 CDа во Pdf.

Пријавата на тези за магистерски труд содржи:

  • Молба од кандидатот со наслов на темата (една страница),
  • Предлог тези на магистерскиот труд (2 – 3 страници)
  • Образложение на научната и стручната оправданост на темата (2-3 странци),
  • План за презентирање на материјата (2-3 страници) и
  • Преглед на литературата (3-4 страници).

Во темплејтот се наведени подетални упатства за секој од горенаведените 5 делови.

Студент кој успешно извршил обврските предвидени со студиската програма и освоил 60  кредити со одбраната на магистерскиот труд се стекнува со звањето Магистар по економски науки од соодветната област. Дипломата ја потпишува Деканот на Факултетот и Ректорот на Универзитетот. Покрај дипломата, на студентот му се издава Уверение за положени испити.

Студентите од втор циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале, најдолго во времето што е двапати подолго од пропишаното траење на студиите. Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, со одлика на единицата на Универзитетот се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. (види Статут на УКИМ)

Цена на чинење на еден семестар е 500 евра (за едногодишни студии 2 х 500 евра, a за двегодишни студии 4 х 500 евра).
Вредноста на пријавата за испит е 25 евра (кај едногодишните студии за 7 предмети, кај двeгодишните студии за 14 предмети).
Одбраната на магистерскиот труд е 1000 евра.

По завршувањето на студиите, студентите се стекнуваат со звањето         

Магистер на економски/организациски науки“ од соодветната област.

ПРИФАТЕНИ ТЕМИ ЗА МАГИСТЕРСКИ ТРУД НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

Одлуки на научно-наставнички совет за прифатени теми:

70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.