fbpx

Известување: Почеток на наставата на Економски факултет – Скопје преку Microsoft Teams

Почитувани студенти, драги колеги,

Имајќи ја предвид моменталната епидемиолошка состојба во државата и здравствените препораки од Министерството за здравство и Министерството за образование и наука ве известуваме дека на 28.9.2020 година Наставно-научниот совет на Економскиот факултет-Скопје донесе одлука:

– предавањата во зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година да се реализираат електронски преку платформата Microsoft Teams, а

– вежбите по предметите да се одвиваат комбинирано: со физичко присуство (во мали групи со строго почитување на сите предвидени здравствени протоколи) и/или електронски преку платформата Microsoft Teams,

  1. Распоредот за изведување на наставата во зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година е истакнат на веб страната на факултетот на следниот линк:
  1. Деталното упатство за пристапување и регистрирање на Microsoft Teams може да видите на следниот линк
  1. Упатство за логирање на Microsoft Teams и внесување на предмети
  1. Кратко упатство за употреба на Microsoft Teams може да видите тука

Во случај на технички проблеми или потреба за техничка поддршка при креирањето на вашиот профил или регистрација на софтверската апликација Microsoft Teams можете да се обратите на:

Кристијан Кожески kozeski@eccf.ukim.edu.mk  – за студентите на департманот Економија

Тања Камењарска kamenjarska@eccf.ukim.edu.mk – за студентите на департманот Е-бизнис

Силвија Јакимовска silvija.jakimovska@eccf.ukim.edu.mk – за студентите на департманот Фин. менаџмент

Александар Паришев aleksandar.parisev@eccf.ukim.edu.mk  – за студентите на департманот Над. трговија

Тодор Тоцев todor.tocev@eccf.ukim.edu.mk  – за студентите на департманот Сметководство и ревизија

Петар Јолакоски jolakoskip@eccf.ukim.edu.mk  – за студентите на департманот Менаџмент

Бојан Малчев bojan.malcev@eccf.ukim.edu.mk  – за студентите на департманот Маркетинг

Виктор Стојкоски vstojkoski@eccf.ukim.edu.mk за студентите на 2 и 3 циклус.

Ви посакуваме успешен почеток на новата учебна година и многу успех во совладувањето на новите знаења.

Со почит.

Вашиот Економски факултет-Скопје 

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.