Прв АКАДЕМСКИ Час – Информации за новозапишаните студенти

Почитувани бруцоши,
 
Со задоволство ве покануваме на свеченото отворање на новата учебна 2020/2021 година кое ќе се одржи на 1 Октомври 2020 година со почеток во 11.00 часот. Со оглед на здравствените предизвици со кои се соочува нашата земја и светот, истото ќе се одржи по електронски пат со вклучување на следниот линк. 
 
Новата учебна година со свое обраќање ќе ја отвори почитуваниот Проф. д-р Предраг Трпески – Декан на Економски факултет-Скопје.
 
На свеченото отворање свои пораки до вас ќе упатат и:
 
-Проф. д-р Никола Јанкуловски – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,   
-Г-ѓа Мила Царовска – Министерка за образование и наука,
-Г-дин Иван Штериев – Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје,
-Г-дин Сергеј Зафировски – Сопственик на агенцијата за истражување на пазарот и стратегиски маркетинг Insider ID,
-Г-дин Илија Колев – Претседател на Факултетското студентско собрание.
 
По завршувањето на свеченото обраќање на претставниците на академската и бизнис заедница треба со кликање на линкот за вашиот департман на кој сте запишани да се вклучите на онлајн средбата на која ќе ве пречекаат Професорите од матичната катедра со свое кусо поздравно обраќање и претставување на предметните дисциплини кои тие ги предаваат.
 
Студентите запишани на Департман Е-Бизнис треба да се приклучат на: meet.google.com/zio-qczv-ezs
Студентите запишани на Департман Економија треба да се приклучат на: meet.google.com/rix-escd-rbk
Студентите запишани на Департман Финансиски менаџмент треба да се приклучат на:meet.google.com/sov-sxsb-soh
Студентите запишани на Департман Маркетинг треба да се приклучат на: meet.google.com/mgv-fmvr-rcc
Студентите запишани на Департман Менаџмент треба да се приклучат на: meet.google.com/dvp-xpds-zsk
Студентите запишани на Департман Надворешна трговија треба да се приклучат на: meet.google.com/gcf-bgwd-iqm
Студентите запишани на Департман Сметководство и ревизија треба да се приклучат на: meet.google.com/pyd-gsww-wby
 
На следниот линк може да го пристапите упатството, за тоа како да го користите Google Hangouts Meet.
 
 
Со радуваме на нашата прва (електронска) средба.
 
Со почит.
 
Вашиот Економски факултет-Скопје  
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.