fbpx

Маркетинг – студиска програма 2017/2018

Дипломираниот економист од областа на маркетингот ги познава основите економски законитости и појави и владее со техники за анализа на процесите и состојбите, како и предлагање и избор на решенија за согледаните проблеми.

СПЕЦИФИЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ:      

Дипломираниот економист од областа на маркетингот се оспособува за примена на техники за управување со маркетинг активностите на компаниите, т.е. со управување на производот, цената, дистрибуцијата и промоцијата. Дополнително, дипломираниот економист од областа на маркетингот се оспособува за примена на методи за истражување на пазарот, однесувањето на потрошувачите и на маркетинг инструментите. Според тоа, работните места на кои овие кадри можат да се вработуваат се компаниите од приватниот и јавниот сектор, јавните установи и јавната управа, граѓанските здруженија и  други институции.    

Општи и специфични дескриптори на квалификацијата 

Со усвојувањето на сознанијата на оваа студиска програма, се очекува студентoт да ги демонстрира следниве знаења, способности и вештини:      

Знаење и разбирање:

  • Демонстрира знаење во врска со маркетинг инструментите и управувањето со нив во насока на остварување на позитивни резултати во работењето на компанијата.
  • Покажува знаење кое е неопходно за идентификување на различните аспекти и фактори кои влијаат врз однесувањето на потрошувачите и врз процесот на донесување одлука при купување.
  • Покажува знаење за одделните фази од процесот на маркетинг истражување и различните квалитативни и квантитативни методи што се користат во маркетинг истражувањето.
  • Демонстрира знаење за идентификување на информациите и аспектите кои се неопходни за развивање на соодветен маркетинг план и маркетинг стратег ии.

Примена на знаењето и разбирањето:                 

  • Ги применува теоретските познавања со помош на кои успешно ги идентификува и ги комбинира одделните инструменти од маркетинг миксот на компаниите.             
  • Самостојно развива маркетинг истражувачки проект и ги истражува и анализира одделните маркетинг инструменти, како и ставовите, перцепциите и однесувањето на потрошувачите, предлагајќи соодветни решенија.
  • Ги применува теоретските принципи за развивање на маркетинг план и маркетинг стратегии.

Способност за проценка:

  • Покажува способност за набљудување на маркетинг процесите и идентификување на релевантните информации, неопходни за управување со овие процеси.
  • Покажува способност за идентификување и прибирање на релевантни примарни и секундарни податоци, неопходни за истражување на маркетинг појавите и процесите.
  • Демонстрира способност за анализа и интерпретација на добиените податоци и нивна примена во насока на унапредување на маркетинг работењето на компаниите.

Комуникациски вештини:

  • Покажува способност за тимска работа, иницира дискусии, но и активно го слуша соговорникот.
  • Успешно ги применува принципите и кодексите на професионалното деловно комуницирање.
  • Покажува способност за успешна презентација на добиените резултати од спроведените истражувачки проекти.
  • Поседува разбирање на психолошките процеси врз основа на кои се базира однесувањето на потрошувачите, како и човековото однесување генерално.

Вештини на учење:

  • Поседува развиени вештини за учење – читање, меморирање, слушање, интерактивно учество, набљудување и анализа.
  • Демонстрира способност за критичка оцена на презентираните идеи, нуди оригинални решенија и успешно се справува со секоја поставена задача.
  • Ги препознава сопствените интереси во областа на маркетингот и успешно се стекнува со нови знаење и вештини.
Прва година задолжителни предмети
Ред. бр. Шифра Предмет Часови ECTS
Зимски семестар
1 ECN 110 Основи на економијата 6+0 8
2 MST 110 Математика за економисти 4+2 8
3 АCC 110 Основи на сметководство 4+2 8
Летен семестар
4 MST 120 Статистика за бизнис и економија 4+2 8
Втора година задолжителни предмети
Зимски семестар
5 MGT 210 Основи на менаџмент 6+0 8
6 MKT 210 Основи на маркетинг 4+2 8
7 MKT 220 Однесување на потрошувачите 4+2 8
Летен семестар
8 MKT 230 Управување со маркетинг каналите 4+2 8
Трета година задолжителни предмети
Зимски семестар
9 MKT 310 Маркетинг менаџмент 4+2 8
10 MKT 320 Интегрирани маркетинг комуникации 4+2 8
11 MKT 340 Управување со производот 4+2 8
12 MGT 390 Финансиски менаџмент 6+0 8
Летен семестар
13 MKT 330 Политика на цени 4+2 8
14 EBU 220 Интернет маркетинг 4+2 8
Четврта година задолжителни предмети
Зимски семестар
15 MKT 410 Маркетинг истражување 4+2 8
16 MKT 420 Меѓународен маркетинг 4+2 8
17 MGT 320 Менаџмент информациони системи 6+0 8
Летен семестар
18 MKT 430 Маркетинг на услуги 4+2 8
19 MGT 430 Деловно комуницирање 4+2 8
Дипломска работа 3
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЛЕТЕН СЕМЕСТАР
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.