Планирајте си ги парите, засадете ја иднината!

 Во рамки на Глобалната недела на парите која оваа година се реализира под мотото „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“ (Plan your money, plant your future) Економски факултет – Скопје беше домаќин на едукативен настан, организиран заедно со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и пензиските друштва.
 
Настанот, кој со свое обраќање го отвори Деканот проф. д-р Предраг Трпески, ја постигна својата основна цел, а тоа е преку конструктивна дискусија и отворена дебата, да се влијае на подигнувањето на свеста за импликациите од индивидуалното финансико однесување не само врз сопствената финансиска иднина, туку и врз животната средина и општеството. Целна група на овој настан беа нашите студенти, кои искажувајќи проактивност и голем интерес, укажаа на нивната подготвеност и натаму да инвестираат во сопствената финансиска едукација, инвестирајќи на тој начин во својата посигурна иднина.
 
Благодарност до претставниците од МАПАС и пензиските друштва кои заедно со нас, секогаш се тука за нашите студенти.
 
Ваш,
Економски факултет – Скопје
Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.