fbpx

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ЦАРИНСКА УПРАВА НА Р.С.МАКЕДОНИЈА

Почитувани студенти,

Традиционално како секоја година Царинската управа на Р.С. Македонија објавува повик за пријавување на практиканти заинтересирани за посетување на практична настава.

Практичната настава ќе се одвива во месеците јуни, јули и август, во времетраење од најмалку 5, а најмногу 30 работни дена, со не помалку од 4 часа дневно (со цел да може практикантите да одат во две смени).

Повикот важи за студентите од 2-ра, 3-та и 4-та година од сите департмани. Доколку постои поголем интерес предност ќе имаат студентите на департманот Надворешна трговија.

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните податоци:

  • Име и презиме:
  • Број на индекс и место на живеење:
  • Департман и година на студии:
  • Kонтакт телефон:
  • Контакт e-mail:

Бараните податоци треба да се достават до Центарот за кариера на следната електронска адреса: marijanasekulovska@eccf.ukim.edu.mk со назнака ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ЦАРИНА

Списокот ќе се пополнува согласно редоследот на пријавување.

ПОВИКОТ ТРАЕ ДО 6.05.2022 година (петок), до 12.00 часот.

ВО ПРЕДВИД ЌЕ БИДАТ ЗЕМЕНИ САМО ПРИЈАВЕНИТЕ КАНДИДАТИ КОИ СООДВЕТСТВУВААТ НА БАРАНИОТ ПРОФИЛ на ПРАКТИКАНТИ, и КОИ ГИ ИМААТ ДОСТАВЕНО СИТЕ ГОРЕНАВЕДЕНИ ПОДАТОЦИ.

Со почит,

Центар за кариера

Економски факултет – Скопје УКИМ

Comments are closed.
70 години

Во 2020 Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје слави 70 години од своето основање.